Здравство | 21.04.2013 | 19:47 | 0

“Мој термин” во здравството од 1 мај

Следете не на:

Проектот Мој термин во здравството официјално стартува на 1 мај. Матичниот ќе му закажува прегледа на пациентот на повисоко ниво. Болните нема да одат по упати и да се шетаат од установа до установа. За да нема грешки, матичните во петокот имале состанок во министерството за здравство за расчистување на сите дилеми.

moj terminДобиле насока дека електронските упати кон специјалисти преку Мој Термин треба да бидат сегде подготвени и истестирани за да може да се почне со задолжително електронско закажување од 01.05.2013. За почеток во првата фаза ќе бидат овозможени само специјалистички упати од матични лекари кон специјалисти од секундарно ниво, и интерспецијалистички упати од специјалист  кон специјалист  од секундарно ниво. Останатите упати ќе продолжат да се користат според досегашните практики со старите обрасци. Координаторите мора да пријават  дали сите лекари имаат имплементирано можност за електронски упат кон Мој Термин.  Секој лекар е должен да направи барем 3 електронски упати кон Мој Термин до официјалниот старт на проектот.

Во овој период пациентите ќе добиваат хартиени упати според досегашните практики и сите специјалисти се должни да ги прегледаат сите пациенти со уреден упат, без разлика дали тој е заведен електронски или не.