Здравство | 14.06.2013 | 08:04 | 0

Објавен повик за преземање специјалисти од приватното во јавното здравство

Следете не на:

lekarМинистерството за здравство денеска во дневни весници објави повик за искажување интерес во врска со најновите измени на Законот за здравствена заштита, кои предвидуваат можност на преземање на здравствените работници од приватното во јавното здравство.

Овој повик за искажување интерес се однесува на  доктори – специјалисти вработени во приватните здравствени установи кои сакаат да преминат да работат во јавните здравствени установи.

Кандидатите својот интерес треба да го искажат на e-mail prezemanje@zdravstvo.gov.mk со писмо за интерес кое треба да ги содржи  следните податоци: име и презиме, контакт телефон, е-маил адреса, специјалност, работно искуство како специјалист, како и податок дали досега има работно искуство како специјалист во јавна здравствена установа.

Здравствен дом Скопје веќе информира дека имале заинтересирани специјалисти кои сакале повторно да се вратат во поликлиинките кои пак ги напуштиле за работа во приватното здравство. Дел од нив конкурирале и на ланскиот оглас за вработување, но тогаш се бараа доктори на медицина. На овој начин, според надлежните, ќе се овозможи на оние кои не се снашле во приватниот сектор повторно да имаат шанса за враќање во јавното здравство. За тоа секако треба да имаат одобрување од министерството за здравство и ФЗОМ.