Совети | 07.07.2013 | 14:28 | 0

Со редовен секс до 7 години помлади!

Следете не на:

Британскиот психолог David Weeks тврди дека луѓето кои редовноseks практицираат секс изгледаат од 5-7 години помлади од оние кои сексот не го применуваат често. неговата порака е – водење љубов е добро. Овој психолог е поранешен шеф на одделот за стари лица во Кралската Единбург болница.

Д-р Weeks вели дека поминал една деценија во проучување на приватниот живот на илјадници мажи и жени од сите возрасти. Тој заклучил дека клучен фактор во одржување на младешкиот изглед е само секс.  Како?  За време на сексот во телото доаѓа до ослободување на хормонот за раст, која помага во одржувањето на еластичноста на кожата, овозможувајќи лицето да има помалку брчки.
-Сексуалноста не е само привилегија на младите луѓе, ниту треба да биде. Сексуалното задоволство е главен соработник на квалитетот на животот, констатира британскиот психолог.
Со сексот  исто така се ослободува ендорфин што е  еден вид на природен лек против болки, намалување на анксиозноста и подобро спиење. Покрај тоа, за време на сексот се зголемува циркулацијата на крвта, што е добро за срцето и и дава на кожата здрав сјај. За време на сексот се согоруваат маснотиите и се ослободуваат и други хемикалии кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, порачува др. Weeks.