Здравство | 08.11.2013 | 08:18 | 0

Америка ќе ги забрани транс мастите – нема повеќе крофни и пица!

Следете не на:

krofniАмериканската агенција за храна и лекови (FDA ) вчера најави дека наскоро би можеле да ги забранат транс мастите во прехранбените производи , бидејќи тоа е состојка која  повеќе не може да се смета за здрава , пренесува Јутарњи лист .

Ова значи дека производителите на крофни и други десерти, замрзната пица , маргарин и павлака односно храната која содржи транс-масти , може да биде во неволја.

FDA  исто така направиле прелиминарна оценка со која главната состојка на транс мастите – делумно хидрогенизирани масла – не може да се смета за безбедна.

Транс мастите веќе долго време се користат за пржење храна и нив ги користат и брзите синџири на храна. Но тие велат така било порано сега тие масти биле  исфрлени од употреба. Мекдоналдс најави дека неговата храна не содржи транс масти .

Медицинските институции во САД пресметале дека ќе има за 10 до 20 илјади срцеви напади помалку ако луѓето ги избегнуваат  транс мастите..