Совети | 12.11.2013 | 23:07 | 0

Болка во грбот знак за камења во бубрези, воспаление на панкреас или камен во жолчка

Следете не на:

grbПроблеми со бубрезите , мочниот меур и жолчката лесно се маскираат  со болки во грбот , особено кај жените. органите праќаат сигнали во  телото , кои најчесто се манифестираат во грбот  бидејќи таму има најмногу нервни завршетоци  па болката е видлива . На овој начин, вистинската причина за болка е маскирана и се појавува таму каде што не треба. Според експертите од оваа област, постојана болка во еден дел на грбот и ако тоа е пропратено со болка во стомакот или препоните , болка при мокрењето или крв во урината може да биде знак за камења во бубрезите. Камењата настануваат поради таложење на калциум и фосфор, и често се последица на пиење премногу малку вода и премногу внес на  протеини. Исто така улога има и  генетиката и некои луѓе се повеќе подложни од другите.
Камења во бубрезите се почести кај мажите отколку кај жените и најчесто се исфрлаат природно, но поголемите треба да бидат пробиени со ласер. Ако при болката во грбот се јавува и висока температура таквата состојба може да укажува на воспаление на бубрезите . Најчестите болки се во долниот дел на грбот , над карлицата и може да бидат продолжена до препоните. Шест пати е почесто кај жените отколку кај мажите.
воспаление на панкреасот
Воспаление на панкреасот освен со болка во долниот дел на стомакот , повраќање и гадење е придружено и со болки во грбот. Болката може да биде ненадејна и се шири од желудникот накај грбот и најчесто е последица на акутно или хронично воспаление. . Обично се јавува кај постарите луѓе и оние кои се во средна возраст.
Болки во грбот , заедно со болки во стомакот и раката , гадење и болка при дишење е симптом на камен на жолчка или воспаление на жолчката. Камен на жолчка настанува кога во црниот дроб се создава повеќе холестерол или телото поспоро го обработува со што се нарушува односот на жолчни киселини и жолчката. Тоа придонесува за воспаление и инфекција на жолчното кесе и со тоа најмногу проблеми имаат жените над 40 години кои се со  прекумерна тежина а дел влијае и генетиката. Инфекција на уринарниот тракт обично е предизвикана од бактерии, и може да се должи на иритација на дијафрагмата или премногу тесна облека. Се манифестира како болка при мокрење , болка во долниот дел на грбот и стомакот.
Најчесто се јавува кај  жените  и третманот е со антибиотици. Но ако не биде излечена може да дојде до воспаление на бубрезите .