Здравство | 13.02.2014 | 17:51 | 0

За прв пат во Македонија нов метод за пресадување на коса во Аџибадем Систина

Следете не на:

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ прв пат во Македонија е направена интервенција за излекување на ќелавост со помош на ФУЕ метода.

sistina

Доктот Јакуп Сенсо, координатор за ласер и дерматологија во болниците на „Аџибадем“ во Турција, денеска на прес-конференција информира дека ФУЕ методата се состои од пресадување коса, најчесто од областа на тилот и пренесување на места каде што недостасува.

– ФУЕ методата се изведува со поединечно земање на фоликули од влакното, најчесто од областа на тилот и пренесување на места каде што недостасува коса. Постапката се изведува со помош на посебен апарат, кој овозможува најпрецизно земање на влакната, без лузни и оштетување на околните корени, што е од голема предност во однос на другите техники, појасни Сенсо.

Интервенцијата, како што рече, се прави под локална анестезија, а успешноста во споредба со другите методи на пресадување е многу повисока и подоглотрајна, бидејќи се работи на секој фоликул поединечно. По трансплатацијата не е потребна посебна нега на кожата, само се користат одредени креми, а резултатот е видлив по шест месеци.

Оваа метода, според др. Андреј Петров специјалист дерматовенеролог во „Аџибадем Систина“, досега е применета кај двајца пациенти, каде биле пресадени осум до девет илјади влакна.

– Се работи за еднодневна или попладневна хоспитализација, пациентот веднаш си оди дома. Интервенцијата таре четири до пет часа, а чини околу 3.000 евра, што е многу поповолно од земјите во регинот, каде што се врши истата метода, рече Петров.

Крајниот резултат од интервенцијата е изедначена прераспределба на косата, како и природен изглед и волумен при што не се забележува разлика меѓу старата и новата коса.