Здравство | 13.03.2014 | 22:32 | 0

Како да се грижите за вашите бубрези?

Следете не на:

bubregПо повод светскиот ден на бубрегот, Институтот за јавно здравје објави корисни информации за граѓаните како, кога и што да направат кога се во прашање бубрезите.

Дали сте под ризик?

 Дали имате покачен крвен притисок?

  • Дали страдате од шеќерна болест?
  • Дали имате фамилијарна историја на болести на бубрегот?
  • Дали сте со прекумерна телесна тежина?

Дали пушите

Дали имате над 50 години?

Доколку сте одговориле потврдно на едно или повеќе од претходните прашања, би требало да поразговарате со вашиот доктор и доколку треба, да направите иследувања за болести на бубрегот. Хроничната болест на бубрегот во раниот стадиум не дава знаци и симптоми. Можете да ја одложите или да ја спречите бубрежната болест со нејзин навремен, ран третман.

Симптоми
Најголемиот дел од луѓето немаат симптоми се додека ХББ не се развие во понапреден стадиум на болеста. Меѓу другите, знаци на напредната ХББ се: потечени глуждови, замор, тешкотии во концентрирањето, намален апетит, крв во урината и пенеста урина.

Откривање на бубрежна болест
Најголемиот дел од луѓето со ХББ во ран стадиум не се дијагностицираат. Една од целите на Светскиот ден на бубрегот е да се упати повик до сите луѓе да проверат дали се под ризик за развој на болест на бубрегот и да се поттикнат луѓето со ризик да направат едноставни испитувања за процена на функционирањето на бубрезите.
Обично, бубрежната болест тивко напредува, честопати уништувајќи го најголемиот дел од функцијата на бубрегот, пред да предизвика некакви симптоми. Раното откривање на намалената бубрежна функција е од исклучително значење, бидејќи тоа овозможува соодветен третман пред оштетувањето на бубрегот и неговата функција да се манифестираат преку други компликации.
Се прават едноставни лабораториски тестови на мала количина крв (за мерење на количината на креатининот и да се процени стапката на гломеруларна филтрација) и на мала количина на урина (за мерење на излачувањето на креатинин и албумин).
Вашиот доктор ги употребува добиените измерени резултати од вашиот серумски креатинин во крвта за да ја процени општата функција на бубрегот, или стапката на гломеруларна филтрација и нивото на шеќер во крвта за да се осигура дека лицето нема дијабетес. Со едноставни тестови со ленти може да се открие присуство на протеини во урината.

  • Серумски креатини: Креатининот е деградационен продукт во крвта кој се создава од мускулната активност. Нормално тој се исфрла од човечкото тело преку бубрезите, но кога бубрежната функција се намалува, нивото на креатинин се зголемува. Вашиот доктор може да ги употреби добиените резултати од вашиот серумски креатинин за да се процени функцијата на бубрезите или гломеруларната филтрација.
  • Стапка на гломеруларна филтрација (ГФ): Вашата стапка на ГФ кажува за тоа колкаво е функционирањето на бубрегот. Таа може да се процени преку вредноститево крвта на креатининот. Нормално изнесува 100 ml/min, а пониските вредности уажуваат на процентот на преостаната бубрежна функција. Доколку вашата ГФ се намали под 60 ml/min би требало да се обратите кај нефролог, лекар-специјалист за бубрежни заболувања. Доколку третманот кој ќе ви го препорача нефрологот нема да доведе до спречување на понатамошно намалување на ГФ, нефрологот ќе ви посочи на други третмани за бубрежната болест, како што се дијалзиа или бубрежна трансплантација. ГФ под 15 укажува дека набрзо би требале да започнете со некој од посочените третмани..
  • Албумин во урината. Присуството на вишок протеини во урината исто така е маркер за ХББ и е подобар индикатор за ризикот за прогресија на болеста и за појавата на срцев удар и мозочен удар, отколку само стапката на ГФ. Вишокот на протеини во урината може да се открие со ставање на мали пластични ленти на кои има нанесено слој од хемикалија која ја менува бојата во присуство на протеини во примерокот од свежа урина или попрецизно може да се измери со лабораториско испитување на урината.