Совети | 19.06.2014 | 21:19 | 0

Кантарион – лек за се

Следете не на:

kantarionКантарион е лек за се, одличен е за пулмолошки и кожни заболувања. Кантарион или богородичната трева  одамна е познат по своите лековити својства. Производите на оваа билка често може да се најдат во “домашните аптеки” поради бројните примени.

Кантарионот одамна се користи како проверено средство против изгореници, исеченици, хемороиди. За внатрешна употреба се покажа лекови протил како ефикасен против  болки во желудникот, црниот дроб, дијареа и цревни паразити. Успешно спречува њи неконтролирано мокрење. Во комбинација со други лековити растенија е ефикасен за лекување на настинка, кашлица и астма.. Ова растение има антибактериско дејство и е природен антисептик.

Кантарион исто така се користи за лекување на благи форми на депресија и како средство за смирување.  Затоа, не е чудно што има голема примена во традиционалната медицина и фармаколошки индустрија.

Кантарионово масло

Ова масло е одлично за облоги,  масажа за опуштање, релаксација и како лек за болки во стомакот. Одличен е за сува и испукана кожа. Има примена и при заштита од сонце, радијација, изгореници, повреди на мускулите, хематом и сите ревматски заболувања.

За смирување на болка во стомакот  потребно е три пати на ден, половина час пред јадење со малку течност да се испијат  30 капки од маслото.

Чај од кантарион

Чај од оваа билка е неопходно да се пие неколку пати на ден, за третман на воспаленија и болки на внатрешните органи. Се подготвува така што една мала лажичка од листовите и цветот на растението се потопуваат со чаша врела вода. По 10 минути чајот се прецадува и се пие незасладен.