Здравство | 15.07.2014 | 16:11 | 0

Минути биле во прашање за животот на пациент со инфаркт од Штип

Следете не на:

Итна кардиохирушка интервенција врз пациент со акутен миокарден инфаркт во неделата за прв пат е извршена во Клиничката болница-Штип. Тимот доктори од штипската болоница го предводел реномираниот интервентен кардиолог од Белград Желимир Антониќ.

operacija

Доктор Сашко Николов од Клиничка болница-Штип изјави дека здравствената состојба на пациентот е стабилна и се надеваат дека наскоро ќе биде пуштен дома.

-Благодарение на соработката на Клиничката болница со Министерството за здравство, и проектот на Владата за стручно оспособување на нашите лекари во работа со познати и признати имиња од светски ранг во медицината, оваа операција е прв пример за позитивните ефекти од оваа соработка, но и од владиниот проект, рече Николов.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Александар Стојановски вели дека првиот изведен ваков итен оперативен зафат во болницата е повеќе од потврда за успешноста на владиниот проект за квалитетна едукација на македонските лекари специјалисти која ја вршат нивни колеги од признати светски здравствени центри.

Престојот на докторите и професорите од Белград во Штипската клиничка болница е во рамки на напорите на Министерството за здравство за зајакнување капацитетите на Одделот за интервентна кардиологија во болницата, каде од 3 јули почна да се применува компјутер на срце и интервентна кардиологија.

Инаку проф. Антониќ е дел од групата доктори и професори од Институтот за кардиоваскуларни болести – Дедиње кои вршат едукација на докторите во таа здравствена установа.

Лекарите специјалисти од Штипската клиничка болница заедно со тимот на лекари од Белград во наредните месеци ќе работат на интервенции во кои ќе биде вклучена и современата медицинска апаратура.