исхрана | 13.08.2015 | 10:23 | 0

Мрсното треба да се воведе како шести вкус

Следете не на:

mesoАмериканските истражувачи заклучија дека вкусот на мрсно е единствен и треба да се смета како шести основен вкус, покрај слаткото, киселото, горкото, соленото и „умами“, што е јапонско име за петиот вкус кој означува „чувство на целосен вкус и уживање во храната“.

Новиот вкус треба да се вика oleogustus од латинскиот збор oleo – мрсен и gustus – вкус, сметаат научниците на универзитетот Пердју во Индијана, чие истражување е објавено во британското списание „Кемикал Сајнс“.

Обидувајќи се да го дефинираат единствениот вкус на мрсните киселини, научниците повикаа напомош стотици учесници кои ги замолиле да го определат вкусот на мрсното во однос на другите основни вкусови.

Сите оцениле дека вкусот на мрсното е единствен и дека се разликува од другите испитувани примероци, а некои го почувствувале како горчлив, надразувачки, па дуи и непријатен.

– Самиот вкус на тие масни киселини не е пријатен во храната во поголеми концентрации и лице кое го конзумира го одбива како да се работи за застоена храна, вели професорот Матес, кој ги испитува механизмите и функциите на вкусот.

Но, во помали дози, додава тој, мрсното може да го подобри вкусот, како што горките состојки можат да дадат специфична нота на виното, кафето или чоколадите.

Net.hr – Загреб