интервју | 27.08.2015 | 09:40 | 0

Интервју со Јорге Диенер: Школата за млади лидери на претседателот Иванов е инвестиција во сегашноста и влог во иднината на младите од Македонија

Следете не на:

Јорге Диенер е Меѓународен директор на Медицинскиот центар Хадасах од Израел, и еден од предавачите на шестата по ред, Школа за млади лидери на претседателот Иванов. Пред учесниците на Школата за млади лидери во Охрид, г. Диенер, оддржа предавања на теми: „Усовршување на уметноста на ефективна комуникација“, и „Управување со промена во комплексна организација“.

1

Со повеќе од 20 годишно искуство како меѓународен консултант, моментално сте меѓународен директор на Медицински центар Hadassah, установа која постои скоро 1 век и ги диктира стандардите на медицината во Израел. Исто така годинава сте и предавач на Школата за млади лидери. Што е клучно една здравствена установа да опстои толку долго и да биде лидер во оваа област?

 -За речиси 100 години, Медицински центар Хадасах е лидер во медицината и здравството во Израел, поставувајќи ги темелите и стандардите за модерен здравствен систем во земјата. Медицинскиот центар Хадасах во Ерусалим е институција која е базирана на квалитет во медицинската нега, учење и истражување. Овие три принципи се клучни за успехот на нашиот центар. Како таков, својата водечка позиција ја заснова на еден уникатен модел, каде што медицински персонал се состои од одлични доктори и лекари, водечки светски истражувачи како и од врни професори од нашиот Медицински Универзитет. Сите овие личности ја даваат крајната цел за успешен медицински центар и задоволни пациенти. Моделот кој ние го практикуваме се нарекува “The medicine of tomorrow“, со кој всушност вршиме инкорпорирање на напредни решенија преку персоналниот и индивидуален третман на пациентите.

На што е фокусирана медицината во Израел во моментот, и што е приоритет на болницата Hadassah?

-Фокусот на израелската медицина денеска главно се состои во изнаоѓање на лекови за третман за главните болести и заболувања на 21 век. Тој процес всушност претставува заедничка комбинација на највисока можна здравствена заштита и медицински истражувања кои се направени во некои од водечките медицински институции во земјата. Соработката на сите институции е клучна за крајниот успех. Медицинскиот Центар „Хадасах“ е светски лидер за развој на терапии и лекови врз основа на употребата на матични клетки во повеќе области. На пример, во употребата на матични клетки за хендикепирани лица, за обнова на срцевно и коскеното ткиво, како и за изнаоѓање на лек за невролошки заболувања како АЛС и мултипна склероза.

3

 Дали сте запознаени со македонскиот здравствен систем и кое е вашето мислење за македонското здравство?

 Вистината е дека, иако сум бил неколку пати во Република Македонија, не би можел во целост да да дадам оценка за македонскиот здравствен систем. Но од она што сигурно го знам, е дека тоа е систем на континуиран развој како во човечки така и во институционални капацитети. Купувањето на современа медицинска опрема како и усовршувањето на медицинскиот персонал преку обуки како домашни така и странски, со сигурсност ќе го даде посакуваниот резултат во иднина. Неможе преку ноќ да ги добиете промените што ги посакувате, туку тоа треба да биде контитуирано вложување. Она што е потребно на држава како вашата се и континуирани инвестиции во истражувачката дејност на медицината.

2

Деновиве сте во Македонија поточно во Охрид, како еден од предавачите на Школата за млади лидери која е иницијатива на претседателот д-р Ѓорге Иванов. Што можат да научат младите од вас?

Годинава  учесниците на Школата за млади лидери на претседателот Иванов се многу талентирани и мотивирани млади луѓе кои се желни за нови знаења и можности. Преку предавања и практични работилници тие учат нови вештини и пристапи со цел развивање на нивните лидерски и менаџерски способности. Следејќи ја идејата и визијата на претседателот Иванов, Школата е можност за младите, талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност. Јас досега четирипати сум бил предавач на оваа Школа за млади лидери и сум оддржал предавања на преку 200 млади луѓе од Македонија. Со радост можам да истакнам дека секое мое доаѓање во Македонија и предавање на Школата, за мене претставува ново искуство. Како што младите лидери можат да научат нешто од мене, така и јас учам од нив. Школата како визија на претседателот Иванов е благодет за вашата држава. Таа претставува конкретен влог во сегашноста и инвестиција во иднината на младите луѓе во неа, и јас сум среќен што сум дел од истата.