Здравство | 08.10.2015 | 15:16 | 0

Стручна комисија ќе го испитува случајот со починатото тригодишно девојче од Прилеп

Следете не на:

Комисија на Министерството за здравство ќе го испитува случајот со тригодишно девојче кое изутрината било донесено мртво во детското одделение во Општата болница во Прилеп.

bolnica prilep

Директорот на болницата, Петар Ристески изјави дека веднаш е известено прилепското јавно обвинителство. – Оттаму е издаден налог да се изврши обдукција за да се утврдат причините за смртта на девојчето. Истовремено, во Министерството за здравство е формирана комисија која ќе го испитува случајот, рече Ристески.

Тој појасни дека девојчето првпат било донесено вчера на преглед на Инфективното одделение од болницата со упат од матичен лекар.

– Девојчето било донесено вчера околу 15.30 часот со покачена температура и повраќање. Лекар на одделението го прегледал болното девојче, направени биле лабораториски анализи и му била дадена инфузија. Потоа во подобрена здравствена состојба било испратено на домашно лекување со препишана терапија. Истрагата е во тек за да се разјасни смртта на девојчето, додаде Ристески.