интервју | 13.11.2015 | 16:43 | 0

Д-р Татјана Баевска Вучковиќ: 90 проценти од пациентите се третираат во Здравствен дом Скопје

Следете не на:

Во здравствените установи во состав на Здравтвен дом Скопје се третираат 90 проценти од пациентите кои имаат потреба од здравствена услуга, а само 10 отсто се праќаат во Клиничкиот Центар или во ГОБ 8 септември и Клиниката за хируршки болести св. Наумк Охридски истакна д-р Татјана Баевска Вуќковиќ, директор на ЈЗУ Здравствен дом Скопје во интервју за емисијата “Здравје” на Радио Слободна Македонија.

tatjana baevska vuckovik

Вие раководите со ЈЗУ ЗД Скопје,колку поликлиники, колку амбуланти, колку вработени има оваа ЈЗУ?

ЗД Скопје претставува јавна здравствена установа која овозможува 24 часовна здравствена заштита за граѓаните на град Скопје и околните населени места на ниво на примарна, превентивна здравствена заштита, итната медицинска помош со домашно лекување, дежурните пунктови и специјалистичко – консултативната здравствена заштита, на некој начин сме база и филтер, база во однос на дел од примарната каде што имаме единствени служби во делот на превентивата, а секундарната претставува филтер и чувар на портите на терциерното ниво согласно установената патека на пациентот на примарно, секундарно и терциерно ниво.
Вкупно се 9 поликлиники и 2 заводи каде се дава дејност на секундарно ниво, инаку вкупно 58 објекти опфаќа установата, значи тоа е во град Скопје и околните населени места,а сите овие дејности и услуги ги даваат 1160 вработени. Претставува најголема јавна здравствена установа со многу дисперзирани објекти.
Инаку целта и стратегијата наша е со следење на потребите на заедницата –доближување на здравствените услуги према местото на живеење, зашто на тој начин сметаме дека секој наш корисник е задоволен најблиску до своето место на живеење, без разлика на возраста може да ги добие услугите од примарна и секундарна здравствена заштита.
Она што како што кажав и претходно, значи патеката од примарно, секундарно и терциерно ниво е многу важна зашто пред се специјалистички услуги доближуваме од секундарното ниво блиску до граѓанинот, а на друг начин значи тоа е бенефитот за корисникот на нашата услуга, меѓутоа бенефитот и општо во системот зашто го растеретуваме терциерното ниво, правиме заштеда и рационализација во целиот систем и на тој начин едноставно ресурсите максимално се искористуваат, а во однос на она што ни се зголемува обемот на работа со вклучување на нови кабинети и нови дејности секако допринесува да можеме да вложуваме и да се развиваме бидејќи следењето на трендовите во медицината е постојано потребно, медицината е природна материја.
Во сите поликлиники ги има базичните гранки од секундарното ниво, меѓутоа има одредени поликлиники кои ги имаат сите специјалистички дејности.
Тоа е така поставено бидејќи согласно објектите и распоредот не може во секоја поликлиника да ги има сите специјалистички дејности.
Изминатите три години работиме сериозно на зајакнување на дисталните поликлиники што се најодалечени од централното градско подрачје (поликлиниките Драчево, Ченто и Ѓорче Петров) бидејќи голем број граѓани гравитираат кон овие поликлиники и согласно тоа, само како на пример да ја посочам поликлиниката Драчево за само три години – осум специјалистички служби профункционираа и навистина сите тие услуги се приближени до местото на живеење.
Претходно сите тие граѓани патуваа до Јане Сандански, сега навистина во делот каде им е матичниот доктор, тој ги упатува на секундарно ниво и едноставно комплетно се обработени.

Неодамна на една прес конференција изнесовте навистина еден импозантен податок дека 90% од пациентите кои имаат здравствена потреба, односно потреба од лекар завршуваат во поликлиниките и амбулантите на Здравствен дом Скопје, а само 10% понатаму се упатуваат на клиниките или во останатите болници на секундарно ниво(ГОБ 8 Септември и старата градска болница). Како дојдовте во овој податок односно до оваа бројка од 90% од пациентите да бидат третирани тука?

Знаете како, за да имате една целина во медицината и во установите потребни ви се простор, опрема и кадар.Значи, сите тие три поединечни делови кога ќе ги споите во едно цело го добивате резултатот.
Како што кажав и претходно, значи зајакнувањето на капацитетите – само за три години имаме 18 нови отворени кабинети.
Со преземањето на специјалисти од ПЗУ во ЈЗУ се зајакна втората смена во сите поликлиники и дополнително отворањето на овие 18 нови кабинети.
Влеговме во Програмата на МЗ за обуки на специјалистите – тоа е навистина благодет за секој еден доктор, посебно за специјалист бидејќи навистина никој од нас не може да си овозможи еден месец или три месеци да престојува во реномиран центар во странство, да се стекне со нова дејност и истата тука да ја имплементира.
Тоа навистина допринесе да се развиваме повеќе во дејностите, набавката на опрема и секако мора да нагласам навистина беше тешко на почетокот, меѓутоа со МојТермин и со следењето на пациентите на примарно, секундарно и терциерно ниво се намали метежот во ходниците, се намали онаа нервоза и чекање и сите во исто време да сакаат да завршат, а ние според статистиката знаете како секој може да креира свое мислење, меѓутоа фактите, бројките и аргументите си го кажуваат своето.
Во однос на закажувањето и обработката на пациентите, како функционира МојТермин во установите во склоп на ЗД Скопје?

Можам да кажам дека одлично функционира, со сигурност бидејќи статистиката и бројките кои се аргументи си го кажуваат своето.
Секоја новина е тешка додека се имплементира посебно во нашата установа бидејќи во вкупно 11 објекти е имплементиран МојТермин. Бројките покажуваат дека од сите пациенти од матичен доктор кои што се упатени на секундарно ниво 90% се комплетно обработени, тоа значи имаат дијагноза, имаат терапија, контроли и следење од страна на специјалистите од ЗД Скопје.
Само 10% се упатени на повисоко ниво од кои 3% се закажани интервенции или за некои инвазивни иследувања.
Со електронскиот систем и со електронските извештаи, навистина статистиката е прегледна и достапна на секого – така што бројките си го кажуваат своето.
Секоја година бележиме пораст на бројот на услуги кои ги даваме и граѓани кои пристапиле до нашите служби бидејќи како што напоменав со обуките на докторите, со новата опрема, со новите кабинети ги доближуваме услугите.
Така на пример, еве една компарација во 2012г. сме имае 380 992 пациенти на секундарно ниво, а 2014 г сме ја завршиле со 452 421.
Во однос на 2015 г за првите два квартали имаме 35 000 повеќе прегледи во однос на 2014г, а 7000 пациенти се помалку упатени на повисоко ниво.

Задоволни ли се пациентите? Што покажуваат анкетите?

Кога имате една стратегија на планирање, на изготвување Акциски план, на преземање активности и реализација на крај повратниот одговор секогаш е најдобар од оние кои ја добиваат таа услуга, тоа се нашите корисници на услуги.
Последната анкета која што е направена, бројките се многу задоволувачки – над 80% од испитаните пациенти се задоволни од услугата на докторот и медицинската сестра и 98,6 % се задоволни од љубезноста на лекарите, 81% се задоволни од работата на шалтерските работници.
Високи 97% се задоволни од љубезноста на персоналот бидејќи веќе три години ни функционира Правилникот за хоспитална култура, каде навистина работиме за односот на давателите на услуги со примателите на услуги, бидејќи во одреден период сите ние сме пациенти и секој кој доаѓа има некоја мака зашто доаѓа.
Во однос на Мој Термин, податоците се исто многу високи – 60% се задоволни од системот, 62% го почитуваат закажаното време , а она што е најважно за нас како даватели на услуги дека 100% од испитаните пациенти се задоволни и одговориле дека не им се случило да дојдат на преглед и истиот да не се реализира, а претходно да не бидат навремено известени.
Секогаш може повеќе и подобро и токму во таа насока за 2015 г набавивме една навистина солидна и вредна медицинска опрема која заедно со обуките на докторите. Вкупно 31 доктор беа на обука во странство, а 63 вработени бидејќи тоа е тимска работа, потребно е и средниот кадар да иде на обука.
Набавен е и апарат за комјутерска томографија, доплер ехо кардиограф, доплер за периферна циркулација, апарат за страбизам, ЕMG.. и со сите овие апарати ЗД Скопје ќе почне со обезбедување нови услуги кои досега воопшто не биле како дејност во ЗД скопје.
Што може да очекуваат пациентите?Какви здравствени нови услуги да добијат во објектите на ЗД Скопје во блиска иднина?
Со овие апарати со кои ќе се даваат овие нови здравствени дејности ќе се намали времето на чекање за овие услуги во останатите институции, ќе се доближат овие дејности до граѓаните, со апаратот кој се користи за страбизам –повторно ќе биде отворен овој кабинет кој 10 години беше затворен.
Следењето на потребите на она што најмногу нашите специјалисти праќаат на повисоко ниво, тука го правиме таргетот за овие дејности да можат нашите специјалисти да ги даваат овие услуги.

Видео од интервјуто