Социјала | 10.01.2016 | 12:17 | 0

Маја Иванова: Потребна ни е афирмација на верските и моралните вредности

Следете не на:

majaДа се биде верник,  не значи да се биде конзервативен. Тоа се предрасуди кои според мене не се издржани, и кои веројатно наоѓаат поддршка кај луѓе кои не умеат да ги препознаат и да ги ценат вистинските вредности. Овие предрасуди мора да ги надминеме.“  Маја Иванова, сопруга на Претседателот на државата, во интервјуто за Прес24, оценува дека на Македонија и е потребна афирмација на верските и моралините вредности и тоа пред се во самите семејства, бидејќи воденешницата, кога очигледно материјалното надвладува над духовното,  навистина е тешко да се препознаат вистинските христијански вредности.

-Семејството според мене е основната нишка што треба да одигра клучна улога во враќањето на традиционалните вредности, вели Иванова за Прес24. Нејзиното семејство е едно од оние кои кои негува традиционални вредносни и покрај политичкиот ангажман на нејзиното сопруг. Иванова смета дека семесјтва со изградени вредности се столб на една држава

-Преку безусловно меѓусебно почитување, доверба и толеранција, можеме да ги оствариме тие вредности и да придонесеме кон позитивна промена на нашите општества. Мојот сопруг во една прилика кажа, какви ни се семејствата, таква ни е и државата, вели Иванова за Прес24.

-Се почесто сме сведоци на една извитоперена перцепција на етичките норми, односно вулгаризирање на моралот на сметка на личниот интерес. Неспорно е дека религијата може да одигра огромна позитивна улога во оваа смисла, и тоа токму преку семејство и преку  образованието. Успехот на една нација, зависи од духот, свеста и совеста со кои ќе бидат опремени нашите идни генерации, вели Иванова во интервјуто.

Претседателот Иванов, сопругара Маја, синот Иван, целото семејство Иванови за себе вели дека се и верници.

-Да се биде верник,  не значи да се биде конзервативен. Тоа се предрасуди кои според мене не се издржани, и кои веројатно наоѓаат поддршка кај луѓе кои не умеат да ги препознаат и да ги ценат вистинските вредности. Овие предрасуди мора да ги надминеме, вели Иванова во интервјуто.

Иванови имаат и своја семејна слава, а сопругата Маја е онаа која ја приготвува трпезата.

– Тогаш во нашиот дом се собира најтесниот круг на семејството. Тоа е една интимна и пријатна атмосфера, убав повод кој го зближува семејството.Традиционално, на Петровден,  како што е редот и обичајот,  јас го приготвувам славскиот колач,  кој рано наутро го носиме во црква на спевање, заедно со сите оние дополнителни обичаи, црвеното вино и пченицата, вели сопругата на Претседателот во интервјуото за Прес24.

Маја Иванова е една од ретките сопруги на македонските политичари кои активно учествуваат во развојот на хуманоста. Смета дека во Македонија жените се почесто сакаат да се вклучуваат во таквите активности и затоа ги повикува на поголема химанитарна вклученост.

-Се поголем е бројот на жени коишто се вклучуваат во хумани активности, кои се однесуваат на спознавањето и надминувањето на предизвиците од здравствен или социјален карактер. Сметам дека хуманоста, искреноста и самопожртвуваноста е втемелена во секого од нас, но понекогаш е потребен и поттик, потсетување, дека пред Бога сме сите еднакви. Токму затоа, ја користам оваа можност да им порачам на сите жени во Република Македонија, без разлика чии сопруги, мајки или ќерки се, дека никогаш не е доцна за една благородна мисија што може да промени нечиј живот, вели Маја Иванова во интервјуто за Прес24

http://press24.mk/maja-ivanova-potrebna-ni-e-afirmacija-na-verskite-i-moralnite-vrednosti