интервју | 27.01.2016 | 19:29 | 0

Д-р Велкова: ИТМ има доволно резерви крв, нема потреба од апели за дарување

Следете не на:

На Институтот за трансфузиона медицина има доволно крв, во фрижидерите има доволно резерви од сите крвни групи . Нема потреба од апели на социјалните мрежи за дарување крв, тоа само ни одмага и ни ги пореметува плановите за собирање крв преку големиот број планирани акции ширум Македонија, вели во интервју за zdravstvo24.mk  д-р Емилија Велкова, директор на Институтот за трансфузиона медицина на Р. Македонија.

velkova

На почетокот може ли краток опис на здравствената институција со која раководите?

Институтот за трансфузиона медицина  на Р. Македонија  е единствена установа на ниво на цела Македонија, опфаќа 23 трансфузиолошки единици, во 19 градови ширум Републиката во кои има услови за дарување на крв и во Скопје во ИТМ и во Дневниот центар Даре Џамбаз.
Тука сакам да ја нагласам одличната соработка која што ја имаме со Црвениот крст, и во соработка со нив се изработува план за крводарителство за цела година кој е доставен до министерството за здравство.

Колку крводарителски акции се планирани во 2016 година?

Планот за  2016 година опфаќа 900-1000 акции со мобилни екипи во цела Македонија. Односно 2-4 акции секој ден со точно определено време и место на одржување како и број на крводарители кој што се очекува на акциите за дарување крв.
Планираните акции се во:
– јавни и приватни работни организации
– средни училишта и факултети
– полиција околу 90 акции
– АРМ 23 акции
– Општините ( Карпош е најуспешна = 600/ден)
– Месни заедници и рурални средини
– Акции поврзани со верски датуми
– Уметниците даруваат крв (Танец)
– Пратениците даруваат крв
– Традиционални акции (26 Јули, 13 Ноември, 14 Јуни, акцијата  во чест на Тоше на 25 Јануари итн.)
Инаку, просечно на македонското здравство му се потребни 55 000 дарувања/годишно, од што се изработуваат
по 3 компоненти или вкупно 150. 000 единици. Тоа е сосема ДОВОЛНО да се задоволат потребите во републиката на јавно и приватно здравство. Ова е привилегија за Р. Македонија која е реткост во ЕУ па и во светот. И сакам да им се заблагодарам на сите крводарители.

Но, и покрај ова речиси секојдневно на социјалните мрежи се појавуваат апели за потреба од крв и се повикуваат хуманите луѓе да даруваат крв. Има ли потреба од вакви апели?

Фрижидерите за чување крв во ИТМ се полни со резерви. Нема потреба од апели на социјалните мражи, ги молам граѓаните на Р.Македонија да се воздржат од вакви апели и кога имаат потреба од крв и крвни компоненти да се обратат до ИТМ кој работи 24 часа за соодветна информација. Доколку нема одредена крвна група во еден од градовите ние ќе организираме да се донесе во рок од максимум 2-3 часа, што е побрзо од било кој апел. Апелите и вонредните акции не ни помагаат, тие само ни го пореметуваат добро изработениот годишен план и допринесуваат за дисбаланс во залихите со крв.

emilija velkova 1

Колку дарувања на крв имаме во Р. Македонија последните години?

Во 2014 година од планираните дарувања имавме  55. 513 дарувања или 100.93%, а во 2015 година 54. 708 или 99.47% ( минатата година беше направена мала рестрикција во април и мај според потребите од крв и крвни продукти).
Тука треба да се каже дека  е време во Р.Македонија крводарителството да прерасне на едно повисоко ниво кое преоѓа во други видови на дарување т.е. дарување на поедини компоненти на крв како што се тромбоцити или само плазма, а не полна крв.

Безбедно ли е дарувањето крв во Р. Македонија?

Да, апсолутно е безбедно. Задолжително се прави  контрола на крвта, кесата е за една употреба, крвта се преработува на најсовремен начин, се работи на автоматски апарати кои не оставаат простор за грешки, а во план е и автоматско приклучување кон електронскиот регистар за дарители. Болестите преносливи со крв како што се ( Хепатит, ХИВ и сифилис) и кај нас се испитуваат на апаратура која се употребува во развиените земји од ЕУ, во ноември е воведена бактеролошка контрола за прв пат во ИТМ ( овој оддел работи по сите ЕУ стандарди, со посебна апаратура за таа намена, а кадарот е обучен  во Загреб. Досегашните контроли покажуваат одлични резултати на сигурност. Нема докажано бактериско загадување. Исто така за деца и имунокомпромитирани пациенти набавен е апарат од страна на министерството за здравство за ирадијација на крв.

Кои се идните планови на Институтот за трансфузиона медицина?

Со донации од околу 1. 100. 000 евра вкупно, од различни проекти на кои аплициравме во последните 2 години во ИТМ добиена е опрема за прибирање, препаботка и чување на крвта и крвните компоненти како и Национален електронски систем за карводарители, кој е во крајна фаза на имплементација. Тој ќе ги опфати сите крводарители во Р.Македонија, точно ќе се знае од кое дарување која компонента е изработена и на кој пациент е аплицирана ( тука се вклучени сигурноста на крвта, нејзината дистрибуција и терапија на пациентите).  Планираме нов објект во Куманово и Чаир како и Е-Дарител во соработка со ФЗОМ.