исхрана | 04.03.2016 | 11:12 | 0

Фото: Оваа жена го измисли најпопуларниот југословенски зачин “Вегета”

Следете не на:

Професорката Злата Бартл родена во Доца кај Травник во 1920 година и порасната во Сараево, најголемиот дел од својот живот била позната под името „Тета Вегета‟.

zenata vegeta

Пораснала во градско семејство, со еден од првите радио-приемници во Сараево, бакелитни грамофонски плочи, во четирисобен стан на Ченгиќ Вила. По големата матура отишла на студии во Загреб, каде на Природноматематичкиот факултет дипломирала хемија, физика, математика и минерологија.

И било доволно пријателките од Франција да и донесат супа од кесичка, револуционерен „изум‟ кој на жените ќе го промени животот, па фантазијата на Злата да зоврие: најсовремената технологија за дехидрација и пакување да ја спои со вкусовите од детството.

Како врвна хемичарка, вработена во фабриката Подравка во Копривница (Хрватска) почнала да ги истражува процесите за дехидрација на зеленчукот. Во 1957 година на нејзина иницијатива почнале да се произведуваат супи во кесички, а во 1959 година од производните ленти излегле првите килограми на Вегета, зачин кој го измислила професорката Бартл.

Речиси целиот свој живот го поминала во Копривница, во која добила статус на почесна граѓанка. Починала во пензионерскиот дом во овој град во 2008 година.

Но, животот на госпоѓа Бартл не бил лесен.
По Втората светска војна тогашните власти и суделе и и била изречена казна од осум години затвор во кривичниот дом Зеница. Била обвинета дека припаѓала на Усташкото движење и дека ученичките во гимназијата ги водела на излет во Рим. Во зеничкиот затвор се разболела од туберкулоза на рбетот и казната и била намалена.

На слобода на почетокот заработувала предавајќи странски јазици и тоа додека лежела во гипс. Не се надевала многу на редовна работа, имајќи ја предвид затворската казна и минатото со кое била обележана во очите на тогашните власти.

Кога се јавила на оглас во Подравка, не се надевала премногу, но добила прилика за вработување која ја вивнала меѓу великаните.

Добила многу награди, меѓу другите Награда за техничка култура на Хрватска во 1985 година, Соменица на Подравка за животно дело во 1987 година, Статус на почесна граѓанка на Копривница, Одликување од претседателот на Република Хрватска со ликот на Никола Тесла.

Радио Сараево – Сараево

пренесе МИА