интервју | 04.10.2016 | 19:13 | 0

Д-р Сашо Василевски: Реформите во здравството дадоа резултат

Следете не на:

За реформите во здравството, новата опрема, инвестициите во градба и реконструкција на болници, едукацијата на докторите во познати медицински центри во странство, како лекар во интервју за zdravstvo24.mk зборува д-р Сашо Василевски, пратеник во македонското собрание.

saso-vasilevski

Гoсподине Василевски на последните парламентарни избори влеговте во изборната трка за пратеник во Собранието на Република Македонија од листатата на ВМРО – ДПМНЕ, кој е Сашо Василевски за пошироката јавност?

Да, токму така, јас во 2014 година, на последните парламентарни избори се најдов на 4 место на листата на пратеници од Изборната единица 5, или подетално ако сакате доаѓам како пратеник од градот Охрид. Јас сум доктор по професија, интернист, работев долго време во Охридската болница.
Во 2014 година одлучив да пробам да и помогнам на мојата професија и на здравството во целина преку мојот ангажман во законодавниот дом.
Сите знаеме дека парламентот како институција овозможува преку разни иницијативи, законски решенија или јавни расправи да помогне на многу важни општествени теми кои пак го креираат нашиот јавен живот.
Мислам дека направив правилен избор, бидејќи мојата желба преку личниот политички ангажман за подобри реформи во здравствениот систем соодејствуваше со вербата на граѓаните и задоволен сум што како партија сме на иста линија со народот и тоа се покажа на последните вондредни парламентарни избори.

Вие сте лекар по професија и охриѓани ве знаат како началник на Интерното одделение, зошто решивте да се занимавате со политика?

Јас во 2007 година бев поставен за началник на интерното одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид, а во 2009 година станав и претседател на Управниот одбор на ЈЗУ Општа болница Охрид. Прво како човек, а второ како доктор јас ја препознав политиката на ВМРО – ДПМНЕ во однос на здравството и на сериозните инфраструктурни, финансиски и законски решенија за подобар здравствен систем. И, искрено не сакав да стојам надвор од тоа, имено како секој обичен човек ако препознаеш кај некого желба да изгради, направи или спроведе нешто добро тогаш подржи го со целиот личен капацитет.
И, мојата лична девиза е да се мобилизираме сите и да помогаме. Ова не е некоја пацифистичка фраза, јас сум сакал да бидам лекар за да помагам и лекувам, сум станал доктор и имам должност да помагам на луѓето. Така е и во политиката, сум решил да бидам пратеник и сега имам должност да помагам на здравствениот систем, затоа што сум препознал дека тоа е возможно.
Јас сум во здравството од деведесетите години, моето прво вработување беше во 1995 година, и како човек сум релевантен да препознам но и да коментирам, и не е лага ниту популизам што ова ќе го кажам, ВМРО – ДПМНЕ прв пат во 2006 година во својата програма предвиде сериозни реформи во здравството, а потоа и во 2008 во надградбата на истата програма, потоа во Манифестот, како и во последната програма во 2014 година. Ако погледнеме подобро во овие 4 стратешки програми за развој на државата ќе забележиме дека во делот на здравството се предвидени стотици и стотици проекти, многу суштински, стручни и темелно работени, и што е најважно со рокови за имплементација. Стотици милиони евра чинат проектите кои се предвидени за опрема, односно изградба или реновирање на Јавни здравствени установи.
И, сега како да стојам настрана од оваа историска јасна визија за развој на сегментот здравство.
Второ и уште поинтимно како што напоменав бев претседател на Управниот одбор на ЈЗУ Охрид кога Владата на Република Македонија реши во Охрид да се изгради Регионален медицински центар како што заслужува.
И, јас како секој граѓанин според Уставот имам право да учествувам во одредена политичка партија, е сега кај мене е убавата околност што јас на партијата која емотивно и припаѓам е токму партијата која се реши за прв пат во историјата на Македонија сериозно да пристапи кон решавање на проблемите кои ги имаат граѓаните во Јавните здравствени установи, но и решавањето на проблемите на луѓето од мојата професија. Затоа решив да влезам во политиката, бидејќи јас доаѓам од генерацијата која била сведок на скоро никаков концепт за здравство во деведесетите години и транзицијата и имам обврска тоа да го сменам заради нашите деца и идните генерации, но и верувам дека политичарот денес не е повеќе синоним за елитен коруптивен бизнисмен, туку напротив денес политичарот има механизми да работи и да дејствува со своја визија, со отчетност, транспарентност и чесност.

saso-vasilevski-1

Се согласувате ли како доктор со сите реформи во здравството?

Реформите во здравството се најтешки, еве и зошто, сакам да илустрирам преку пример за читателите и не сакам да дискриминирам ниту една друга професија, но, еве одите да завршите работа во катастар, во централен регистар или водовод, седнувате или стоите, сеедно, и ретко кој ги забалежува условите на вработените, неговите особини, неговата стручност, што е и нормално, чекате да ви биде издаден некој документ и порано или подоцна да ви биде завршена работата.
Хипотетички, друг ден сте се разболеле вие или некој ваш близок, на пример некоја посериозна болест, вие веќе не сте истиот човек, вие сте возбуден, вознемирен, исплашен, веќе сте друга психолошка личност, ги забележувате сите детали, плочките, клупите, хигиената, дали докторот е љубезен, секоја минута ви е час, дали докторот е стручен, дали ќе ви се случи нешто недај боже, дали ќе има кревет, дали ќе има операција, дали ќе чекате многу за снимка, за ехо или сл.
Здравството, барем за мене е најчуствителна област затоа што има работа со најчуствителните граѓани, а човекот е најчуствителен кога е болен и одтаму докторите се соочуваат со најтешките случаеви и со најтешките пациенти.
Секоја реформа е тешка, за секоја реформа треба време, факт е дека реформите во здравството дадоа резултат, но има уште работа, имено, наследивме катастрофално здравство, ВМРО – ДПМНЕ во исто време и купува опрема, и гради болници, и реновира болници, и обучува кадар, и вработува кадар, и образува кадар, и зголемува плати и менува закони и еден куп други работи. Почнавме од нула, некаде можеби некоја реформа ќе затаи или можеби нема да го даде очекуваниот резултат, но суштината и визијата ја имаме и одиме силно напред.
Дали сме на вистинскиот пат, тоа ќе го кажат граѓаните и сега за сега ни ја даваат довербата,а тоа значи потврда дека нашата визија е во ред, а народот тоа го препознава и го вреднува.
Но, пак ќе посочам, треба и мора уште работа.
Се наоѓаме во една фаза каде на некој начин се очекува да кулминираат проектите во здравството во делот на инфраструктурните зафати, да подсетам, започна изградбата на новиот клинички центар Мајка Тереза по сите светски стандарди, се изгради болницата на Детската Клиника во Козле, која е една од најдобрите на Балканот, во целосна функција е ставена и болницата во Охрид, интезивно се опремува и градската болница 8 Септември, сериозни се инвестициите и во ЈЗУ Тетово, Штип и Струмица.
Во Штип исто така започна изградба на нова кличичка болница, најевена и почеток на градба на целосно нов ургентен центар во Куманово.
Потпишани се бројни договори за размена со странски иминентни здравствена установи за обука на кадар.
Се заокружува и големата инвестиција во делот на опремата.
Набавени се најсовремени компјутерски томографии, магнетни резонанси, најмодерни ехо апарати, дигитални мамографи, намалени се драстично листите за чекање за дијагностика за тешки и малигни заболувања. Се е ставено во функција за борба против современите заболувања.

Во јавноста сте актуелен во овој период како претседавач со Интер-партиската парламентарна група (ИППГ), да потестиме тоа е група која дејствува во Собранието на Република Македонија и се занимава со политиките за лицата со посебни потреби?

Во мај 2003 година, по примерот на Disability Intergroup во Европскиот парламент, во Република Македонија се појави нов модел преку кој граѓаните со посебни способности успешно можат да дејствуваат и да ја пренесат својата порака и потреби до извршната власт. Тоа е Интер-партиската парламентарна група (ИППГ) која, успешно дејствувајќи оттогаш наваму, прерасна во вистинско движење и акцелератор за покренување голем број иницијативи како придвижувач на потребите и прашањата кои ги засегаат лицата со посебни способности. ИППГ се реструктуираше по шести пат чиј претседавач сум јас. Во оваа група сега активно се вклучени 46 пратеници, без разлика на припадноста, определбата и мотивот, овие пратеници решија да се посветат за една цел: заштита на правата и достоинството на лицата со посебни способности и нивно активно вклучување во сите општествени текови. Со апсолутно волонтерскиот пристап во своите активности, овие пратеници претставуваат пример на институцијата гледана од поинаков агол. Дејствувањето на ИППГ е движење кое ќе ја потврди демократијата во практика. И овој шести состав продолжува со заложбата да изградиме едно целосно, сеопфатно општество за лицата со посебни способности. Активностите на ИППГ се насочени кон конкретни влијанија токму кај широката група во насока на обезбедување услови кои ќе придонесат во градењето постабилна и посреќна иднина на лицата со посебни способности.
И би сакал да апострофирам дека за прв пат од постоењето на ИППГ ние како група сме позитивно оценети во извештајот на Европската комисија, и ја користам приликава јавно да им се заблагодарам на мојот тим и на сите пратеници кој се дел од овој систем.

saso-vasilevski-2

Во Охрид во овој период најавени се неколку економски, капитални и инфраструктурни инвестиции, има ли потенцијал и сила градот да се извлече од наследените долгови и конечно да се гордееме со нашиот бисер?

Охрид беше уништен од предходната локална самоуправа со милионски долгови, ова морам јасно и гласно да го кажам.
Ама ова ми е ова ми е омилено прашање и ќе дадам што е можно подобар одговор бидејќи Охрид го виде светлото од темниот тунел ако можам така да симболизирам.
Еве ќе почнам со двете големи странски инвестиции.
До крајот на оваа година ќе почне да работи фабриката на странската компанија ОДВ Електрик со 1000 нови дирекни вработувања, а на почетокот на Октомври ќе започне со работа и странскиот инвеститор Костал кој ќе вработи 1250 дирекни вработувања, или во фази вкупно 2250 дирекни вработувања од охридскиот или струшкиот регион, да не ги заборавиме и идирекните вработувања кои ќе се компонираат и веќе се позитивен пример во другите градови каде работат странските инвеститори.
Тука се капиталните прокети на Владата на Република Македонија, новиот автопат до Охрид, експресниот пат од Пештани до св Наум, новите кружни текови, новиот градски базен со олимписки услови, новите тениски игралишта и други пропратна спортска инфраструктура, новите патеки, новата марина која треба да се изгради, интезивно се гради и проектот на Плаошник и Свети Климентовиот универзитет со пропратните содржини кои ќе преставуваат уникатен симбол на Охрид и на Македонија.
Тука е и реновирањето на болницата св Еразмо со ортопедија и кардиоваскуларниот дел за рехабилитација.
Има многу проекти, мал е просторот да продолжам со нотирање.