Здравство | 27.04.2017 | 11:33 | 0

Две лица тешко повредени во сообраќајки вчера во Скопје

Следете не на:

Во изминатото деноноќие во Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета, а пет со телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле седум лица. Случени се две незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден сопатник и еден велосипедист.

soobrakajka povredeni

Како што соопшти СВР Скопје, во текот на изминатиот ден полицијата санкционирала 12 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената. Двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи поминале на црвено светло на семафорот, а осум возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола, односно нерегистрирани. Имало 25 непрописно паркирани возила.

Санкционирани се и тројца пешаци и четворица возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои сториле прекршоци по разни основи.