Здравство | 29.04.2017 | 14:26 | 0

Кумановски работник починал по пад од скеле

Следете не на:

policvija-lentaШеесетгодишен Кумановец починал како последица на пад од скеле во село Чојлија-скопско, соопшти денеска полицијата.

Л.Д. (60) од Куманово паднал од скелето каде што работел во скопското село Чојлија по што бил пренесен во Градската општа болница „Наум Охридски“ во Скопје. Таму лекарите констатирале тешки телесни повреди и тоа фрактура на череп, отворени фрактури на двете нозе, скршени ребра и пршлени. Во 19:30 часот вчера како последица од здобиените повреди, Л.Д. починал.

По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, соопшти полицијата.