Здравство | 10.05.2017 | 07:59 | 0

Лекарка од Нефрологија пронајдена мртва во својот дом

Следете не на:

 

nozzПедесет и тригодишна докторка, синоќа била пронајдена мртва, во близина на клиничкиот центар, а на телото имала бројни повреди од нож, односно имала убодна рана во пределот на вратот, исечени вени, и повреди во пределот на рацете. Итната медицинска помош констатирала смрт кога пристигнала.езживотното тело на докторката, која работела на клиниката за нефрологија но и била вондреден професор на медицинскиот факултет, го пронашол случаен минувач, околу 21 часот.

Од министерството за внатрешни работи  велат дека се врши увид на местото каде била пронајдена жртвата и најавија повеќе информации во текот на денот.

Вработените на нефрологија, со шок и неверување ја примиле веста, таа синоќа не била дежурна на своето работно место, ниту пак имала некакви закани од пациенти.