Здравство | 12.05.2017 | 08:04 | 0

Денеска е меѓународен ден на медицинските сестри

Следете не на:

medicinska sestraНеделата на сестринството денеска ќе биде одбележана со манифестација во Градската општа болница „8 Септември“ Скопје, со што ќе им се оддаде признание на овие медицински лица за нивната пожртвуваност во работата.

Темата на Интернационалната недела оваа година е „Глас што води“ (за медицинските сестри) и „Акушерките и мајките со семејствата – партнери за живот“.

На манифестација ќе биде претставено и новото Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки (ЗМСТА – ЗА НАС).

Од 5 до 12 мај традиционално се одбележува Меѓународната недела на медицинските сестри и акушерките.

Меѓународниот ден на медицинските сестри се одбележува секоја година на 12 мај во знак на сеќавање на денот на раѓањето на болничарката Флоренс Најтингел (1820-1910). Таа ја предводела првата група на жени кои заминале на фронт во Турција да се грижат за ранетите војници. Името на оваа англичанка се поврзува и со иницијативата за соодветно, професионално образование на медицинските сестри