Здравје | 04.06.2017 | 12:16 | 0

АХВ ќе набави нови вакцини против болеста јзлеста кожа

Следете не на:

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски потпиша нов Договор со Европската комисија за рефундирање средства за набавка на вакцини против болеста јазлеста кожа.

ahv

Како што соопшти АХВ, Договорот е за грант вреден 192.500 евра, кој деновиве ќе биде потврден и од страна на Европската комисија, по што, врз основа на поднесениот план од АХВ до Комисијата, наскоро ќе почне и вакцинацијата.

Во почетокот на годинава Агенцијата за храна и ветеринарство доби рефундација на 430.000 евра за набавените вакцини за говедата, како резултат на потврдата на ЕУ за ефикасните и ефективните мерки кои Агенцијата ги презема минатата година во справување со болеста јазлеста кожа.