Здравство | 21.06.2017 | 10:14 | 0

Докторки од Босна заборавиле газа во стомакот на пациентка

Следете не на:

Две докторки од босанскиот град Бијељина се осомничени за несовесно лекување, откако при операција во стомакот на пацинтака заборавиле компресивна газа.

All in hand

All in hand

Според полициските извештаи, тие во август минатата 2016 година, при оперативен зафат „постапиле спротивно од принципите и упатствата за безбедна хирургија“.

Ваквата лекарска несовесност предизвикала тешки телесни повреди и нарушување на здравјето на пациентката.