Здравство | 21.06.2017 | 10:16 | 0

Едно лице загина, а петмина се повредени во сообраќајки вчера во Скопје

Следете не на:

Едно лице загина, а пет се полесно повреди во 12-те сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Седум од сообраќајните несреќи поминале само со материјална штета.

soobrakajka policija

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 11 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената и 10 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се 47 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се вкупно 72 возила.