Совети | 21.06.2017 | 10:24 | 0

Внимавајте: Деновиве УВ индексот ќе има вредност 9

Следете не на:

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб, претежно северен ветер. Попладне на планините некаде ќе има умерено наоблачување.

toplo vreme

Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната од 27 до 34 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево со мала облачност, а во попладневните часови и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 33 степени.

Следува период на претежно стабилно, а кон средината на неделата и многу топло време со понатамошен пораст на дневната температура. Преку денот ќе има умерено наоблачување и локална појава на краткотраен дожд, повеќе од четврток, особено во деновите од викендот, кога е можна и појава на грмежи, пред се во западните делови од земјата.