Социјала | 22.06.2017 | 10:47 | 0

Двајца потешко и 14 полесно повредени во 16 сообраќајки во Скопје

Следете не на:

soobrakajka povredeniДве лица се потешко, а 14 полесно повредени во вкупно 16 сообраќајни несреќи што се случиле во Скопје во изминатото деноноќие.

Сообраќајната полиција санкционирала девет возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, а девет возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 58 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се вкупно 60 возила.