Совети | 24.06.2017 | 10:57 | 0

Гужва на „Богородица“ – Околу 15.000 луѓе чекаат по неколку часа за влез во Грција

Следете не на:

На граничниот премин „Богородица“ од изутрината за влез во Грција се чека и по неколку часа, а се формирани и колони возила, главно со македонски и српски регистарски ознаки.

bogorodica

Колоните на македонска страна почнуваат уште пред казиното „Принцес“, а со возила во шест колони е исполнет и меѓуграничниот ростор.

Според проценката на македонските погранични служби, за влез во Грција чекаат меѓу 10 и 15 илјади луѓе. И македoнската и грчката погранична служба работат нормално и со полн капацитет, но велат дека е преголем приливот на луѓе и возила поради продолжениот викенд и годишните одмори. Очекуваат состојбата да се нормализира во текот на поладневните часови.

АМСМ соопшти дека е зголем интензитетот на сообраќај на патните правци и препорачува внимателно возење.