Совети | 27.06.2017 | 08:10 | 0

Сончево и топло, попладне нестабилно

Следете не на:

vreme5Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Претпладне со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на локална нестабилност со локален пороен дожд и грмежи особено во југоисточните делови.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 30 до 36 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и топло со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 35 степени.

Продолжува периодот на многу топло време со натпросечни максимални дневни температури. Уште потопло се очекува да биде во четврток кога долж Повардарието и Пелагонија се очекува температурата да достигне 40 степени. Не е исклучено во петок и сабота наместа температурата да се надмине и 40 степен