Здравство | 29.06.2017 | 09:56 | 0

Таравари секоја недела ќе посетува по една здравствена установа – Денеска беше во матичната Клиника за неврологија

Следете не на:

taravari posetaУтринска работна средба со колегите од Клиника за неврологија

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, д-р Гоце Чакаровски денеска имаа работна средба со колегите од Универзитетската клиника за неврологија во Скопје, со кои го испија првото утринско кафе и разговараа за тековната работа на клиниката и за идните планови.

Ова ќе биде практика на министерот, заедно со заменик министерот еднаш неделно да посетуваат по една од клиниките и да разговараат со раководството и со вработените во универзитетските клиники.