Социјала | 02.07.2017 | 13:43 | 0

Земјотрес од четири степени според Рихтер во охридско – Паника кај жителите

Следете не на:

zemjotresЗемјотрес со магнитуда од четири степени според Рихтеровата скала е регистриран претпладне во 11:39 минути,на 10 километри источно од Охрид, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала, во Ресен и Струга со пет степени, а во Битола со интензитет од три до четири степени според истата скала.

Засега нема информации за предизвикана материјална штета, освен вознемиреноста на граѓаните кои излегоа пред своите домови стравувајќи од последователни потреси.

Претходно, во 9:58 минути во охридското епицентрално подрачје беше регистриран земјотрес со магнитуда од 2,4 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот, почувствуван во Охрид и околината, бил со интензитет од три степени според Европската макоросеизмичка скала.

Од 18. минатиот месец до денеска во охридското епицентрално подрачје се регистрирани над 800 земјотреси. Повеќето биле слаби, со Рихтерова магнитуда од еден и два степена. Најсилниот се случи на 20 минатиот месец во 15 часот и 10 минути и беше со магнитуда од 3,6 стпени според Рихтер.