Совети | 02.07.2017 | 13:46 | 0

Зголемена потрошувачка на вода во Куманово

Следете не на:

vodaДневната потрошувачка на вода во Куманово просечно, последниве денови изнесува од 330 до 350 литри вода во секунда, информираа денеска надлежните од јавното претпријатие „Водовод”.
Високите температури се причина за зголемената потрошувачка на вода во Куманово, која според одговорните во последниве неколку дена ја достигнува максималната потрошувачка за тековната година.
Просечно, годишно потрошувачката на вода во Куманово се движи од 250 до 270 литри вода во секунда. Дневната потрошувачка е речиси двојно поголема од ноќната во овој период.
– Сепак, мора да се потенцира дека немаме проблеми со снабдувањето, бидејќи ги имаме потребните количини на вода од водостопанство „Кумановско-липковско поле“, како и алтернативните извори Бедиње и Проевце кои во овој период работат со максимален капацитет, изјави директорот на ЈП „Водовод“, Горан Стојковски.
Претходните години во летниот период, кумановци, според статистичките податоци на претпријатието, трошеле и до 380 до 400 литри вода во секунда. И покрај фактот што нема проблеми со водоснабдувањето од претпријатието апелираат во овие денови кога зголемена потрошувачка на вода, граѓаните да внимаваат и рационално да ја користат водата.
– Водата на сите ни е неопходна, па затоа граѓаните треба крајно совесно и рационално да се однесуваат, што значи дека не треба да се користи водата од градскиот водовод за полевање бавчи, тревници, миење автомобили, наведува Стојковски.