Здравство | 07.07.2017 | 14:56 | 0

На Онкологија го нема лекот кој се дава еднаш месечно на пациенти кои се лекуваат од карцином на дојки

Следете не на:

Веќе подолг период на клиниката за онкологија ја нема инекцијата/ лекот (Decapeptyl) која се дава еднаш месечно на пациенти кои се лекуваат од карцином на дојки, тврдат пациенти кои се оставени да чекаат на милоста на здравството.

Тие велат дека, иако е споменато од новиот директор дека ќе се потруди да има навремено лекови и терапии за пациентите со оваа специфика на здравствената состојба, во пракса се покажува дека не е така.

Од страв за своето здравје пациентите се доведуваат во состојба да издвојат од своите приходи кои се наменети за прехранување и други останати лекови кои чинат за да го купат овој лек кој ретко се наоѓа, а приватно чини околу седум илјади и петстотини денари.

За жал, останува само да се чека на милоста на здравството, кое всушност треба да им помага на граѓантие, а не да им го отежнува и онака веќе тешкиот живот.